Хрватска во јули имаше 3,7 милиони туристи и 25 милиони ноќевања, информира тамошното Министерство за туризам и спорт, па според тоа земјата достигна 80% од рекордната 2019-та година.
Од вкупно 25 милиони ноќевања, 21,6 милиони се од странски туристи, а 3,3 милиони се домашни, пренесува агенцијата Хина.
Во јули оваа година во однос на истиот месец лани, има за 47% повеќе туристи и 33% повеќе ноќевања. Најмногу ноќевања (6,7 милиони) има во Истарската жупанија. Ровињ меѓу поединечните места има најмногу ноќевања (909.000), а следат Вир (856.000) и Пореч (734.000).
Најголем број од ноќевањата се од туристи од Германија (4,4 милиони), па следуваат: Словенци (3,7 милиони), Полјаци (2,4 милиони), Чеси (два милиони) и Австријци (1,9 милиони ноќевања).
Фото: Pexels