Хрватска е единствена земја во Европа која извезува помалку отколку во 2007

63

Иако од Германија не е лесно да се добие комплимент, на презадолжените земји во европските периферии тоа сепак им успеа. Студијата на германското Здружение на индустриската комора и трговија покажува дека проблематичните земји во години на кризата, сепак ги зајакнаа своите економии и станаа поконкуренти.

Грција, Португалија, Шпанија, Ирска и Италија ги намалија трошоците за работа, го зголемија извозот и денес имаат подобро урамнотежена трговија со странство. Како што сугерира студијата, чии резултати ги објави Шпигел – тоа конечно може да биде точка на пресврт – пишува Јутарњи лист. Во таа група на земји од јужна Европа кои хронично патат од слаба конкурентност се наоѓа и Хрватска, но во неа нема точка на пресврт.

Сите соодветни меѓународни институции веќе со години зборуваа дека Хрватска мора да ја зајакне економијата, пазарот и да понуди поатрактивен производ и да го зголеми извозот. Но, за разлика од останатите земји, Хрватска не ја искористи кризата ниту да ги намали трошоците за работа, а не успеа и да го зголеми извозот. Може да се каже дури дека е единствена во Европа која денес извезува помалку од 2007. Во време на зајакнувањето во изминатите години многу европски земји бележеа раст на извозот, потенцира Марушка Визек од Економксиот институ, истовремено во Хрватска стагнираше или растеше 2% до 3%.

– Кога ќе се спореди движењето на БДП изминатите години токму извозот претставува најголема разлика меѓу Хрватска и останатите европски земји, Во текот на кризата Хрватска ги изгуби веќе постоечките пазари од едноставна причина бидејќи не е конкурентна – вели Визек за Јутарњи лист. Причината за тоа пред се се условите за работа и проблемите со кои производителите се соочуваат дома. Покрај опкружувањето кое работењето го прави скапо, тука е проблемот со висок трошок на работа.

Иако податоците зборуваат дека нето платата се намалува и вработените за неа можат да купат се помалку, поради растечките цени на цените на трошоците за живот, факт е дека бруто платата  на пример во 2007 година беше 7065 куни, што во дел го поефтинува трошокот на работењето. Меѓутоа, судејќи според податоците на Еуростат, поголем ефект за сега сепак изостана. Додека многу земји речиси го вратија единечниот трошок на работа (цената на трудот во однос на создадениот БДП) на нивото пред кризата, а тоа се во прв ред Грција, Ирска и Португалија, во Хрватска тоа денес е 13,6% поголемо. Додека министрите Славко Линиќ и Радимир Чачиќ се расправаат дали за падот на БДП е виновно потфрлувањето на инвестиции или слабата потрошувачка на граѓаните, вистинскиот одговор можеби сепак лежи на друго место. Кога Хрватска наскоро повторно ќе ја посетат аналитичари на рејтинг агенции, во нивниот фокус повторно ќе биде прашањето какви се потенцијалите за долгорочен раст на економијата. За жал, министрите ќе нема со што да се бават, инвестициите во кои се надеваат немаат посебен раст, а условите за инвеститорите не се подобрени, пишува Јутарњи лист.