Хрватска фирма корона кризата ја сврте во своја корист

79

Хрватска фирма корона кризата ја сврте во своја корист

Нови правила, намалена економска активност, откажани нарачки. Една хрватска фирма нашла начин ситуацијата со корона и кризата која го зафати целиот свет, да ја сврти  во своја корист.

Станува збор за производител на метали, на кои исто така им било отежнато работењето на почетокот, сè додека не сфатиле како да го “надминат“ проблемот.

Како што растела побарувачката за дезинфекциони средства, така се родила идејата- настанале метални држачи на кои овие средства ќе стојат.

Компанијата е лидер на локалниот пазар, во индустријата за преработка на метали и производство на метални производи.

Како што велат, “имале работа преку глава“. Кратки рокови, многу нарачки, а потоа пандемијата го забави темпото …

“Речиси 45% од производството запре во еден момент. Нашиот основен фокус беше на опстанокот и зачувувањето на работните места. Мислевме: [то можеме да произведеме за кратко време“, вели Марина Михоковиќ, директор за маркетинг и продажба.

Држачите за дезинфекција од метал се одговор на потребите на пазарот. Оваа компанија препознала дека ваквиот продукт ќе биде потребен и баран во иднина.

Според новите мерки донесени од хрватската влада, сите деловни објекти на влезот мора да имаат средства за дезинфекција, а тука се главно банки, хотели, пекари, супермаркети, кафулиња. Се разбира, и сите други чија цел е заштита можат да го сторат истото.

“Имаме најмногу нарачки од дистрибутерите и производителите на средства за дезинфекција. Преку бројни соработки, развивме неколку модели со корисни додатоци. Имаме модел со држачи за маски и нараквици, еден адаптиран за различни големини на шишиња“, вели Михоковиќ.

Производството на овие држачи направи бум во Хрватска, а започнаа и првите нарачки од странство.

Фото: Facebook