Хрватска фирма развива иновативно возило за градска хигиена

34

Фото: Pixabay

Хрватската фирма RASCO, со седиште во Калиновац, работи на развој на компактно вакуумско возило, кое што еколошки ќе ги чисти градските улици, пишува BiznisInfo.

Возилото ќе биде на електричен погон и претставува заеднички проект со Факултетот за електротехника и компјутери во Загреб, и воедно е втор најголем R&D проект од основањето на оваа фирма.

Компактната вакуумска градска “правосмукалка“, која што е оригинален и иновативен проект ќе биде готова до крајот на 2020, а целосниот проект ќе ги чини околу 4,1 милиони евра, од кои половината се обезбедени од европските фондови.

Инаку RASCO на пазарот постои 28 години, и уште на почетокот го формирал својот R&D центар кој главно е фокусиран на равој и производство на возила за одржување на сообраќајната инфраструктура, со иновативни дизајни и еколошки предзнак. Нивниот прв голем  R&D проект бил мултифункционално возило за чистење на урбаните подрачја. Досега имаат произведено повеќе возила кои што чистат пешачки премини, улици, возила за чистење снег итн.

Од 2012 година соработуваат и со една германска фабрика за комунални возила, со чија помош главно ги пласираат своите производи на меѓународниот пазар.