Хрватска ги поедноставува процедурите за работа од дома

39

Во Хрватска се поедноставуваат процедурите, па работодавачите ќе можат многу полесно да им овозможат на вработените да работат од дома, пренесува ХРТ.

“Ова е прв чекор кон флексибилизација на работните односи во Хрватска. За сите оние работни места за кои има проценка за низок ризик кај работодавачот (како што се, на пример, административните работи), работникот кој ќе сака да работи од дома на работодавачот повеќе нема да му поднесува документација и да прави повторна проценка на ризикот. Позитивна последици е и задоволството на работникот и поголемата продуктивност“, вели Милица Јовановиќ, директорка за работни односи и човечки ресурси во Хрватското здружение на работодавачи.

Оваа година во Хрватска е донесена директива за ускладување на приватниот и професионалниот живот којашто земјите членки на Европската унија се должи да ја имплементираат до 2022 година. Во оваа земја, исто така, се воведуваат флексибилни работни ангажмани, дополнителни денови за родителско отсуство.

Фото: Pexels