Хрватска ги забранува пластичните производи за еднократна употреба

45

Хрватскиот парламент со мнозинство гласови го донесе законот за управување со отпад, со којшто се забрануваат пластични производи за еднократна употреба.

Во историја заминуваат пластични стапчиња, сламки, прибор за јадење, а од почетокот на следната година и пластичните кеси.

Од втори јули 2024-та година, ќе бидат забранети и производи што имаат капаче или чеп од пластика.

Фото: Pixabay