Хрватска ги заострува казните за работодавците што вработуваат на црно

27

rad na crnoРаботата на црно им штети на работниците, на работодавците и на целата држава, изјави хрватскиот министер за труд, Мирандо Мрсиќ. Тој најави построги санкции за работодавците кои не го почитуваат Законот за труд и предупреди дека ова за Хрватска ќе биде година на борба против работата на црно. Министерството ги повика социјалните партнери заеднички да вложат напори на освестување на работодавците и работниците за штетноста на оваа појава.

“Работењето на црно влијае врз безбедноста и правата на работниците, работодавците кои така работат се нелојална конкуренција на оние што работат законски, а општеството губи приходи за системот за социјална сигурност”, предупреди министерот Мрсиќ и додаде дека казните за работодавците за работа на црно сега се движат меѓу 7.800 и 13.000 евра, но дека ќе се зголемат.

Бројот на незаконско невработени работници во 2013 година во Хрватска бил 1.313, а во 2012 бил 1.699. За 18.197 работници минатата година не била исплатена минимална плата, а во 2012 за 14.202 работници.