Фото: Pixabay
Судејќи според интересот на Русите на посетата на хрватскиот штанд на саемот за туризам во Москва, којшто се одржа неодамна како и според проценките на хрватските туристички работници, годинава во земјата се очекуваат 200.000 Руси, објави 24 sata.hr.
Во 2016 година, во Хрватска биле регистрирани 12% повеќе пристигнувања и 10% повеќе преноќувања од руски туристи. Хрватските туроператори, како што е наведено во извештајот, се оптимисти дека сите показатели очекуваат да се урне рекордот за сезоната што претстои.
Според истражувањето TOMAS, кое го прави хрватскиот Институт за туризам, во последниве три години променета е структурата на руските туристи во Хрватска. Пред три години 48% од туристите биле фамилијарни, со деца, лани 57,6% Руси дошле со партнер, додека фамилијарните туристи паднале на второ место, односно изнесувале 34%.
Се смениле и причините поради кои Русите масовно ја посетуваат Хрватска. Во 2014 година, 55% доаѓале за забава, а лани 49% дошле во туристички разглед заради ново искуство, додека забавата како мотив паднала на второ место. И понатаму, третото место го држат оние Руси кои ја посетуваат Хрватска заради природните убавини. Во 2017 година, од вкупниот број руски туристи, 80% од нив за прв пат ја посетиле Хрватска.
Инаку, во 2016 година, било утврдено дека се поголемиот број туристи од Русија се должи на честите и евтини директни авионски летови. Така и за годинава се очекуваат три големи туристички тури од Русија, со летови Санк Петерсбург-Пула, Москва-Пула и Москва-Дубровник.
Туристичкиот саем којшто неодамна се одржа во Русија е еден од најголемите туристички збиднувања во земјата, а добро котира во својата категорија во светски рамки. Годинава, на него биле претставени 187 земји и региони со повеќе од 1.900 компании.