Хрватска и Црна Гора со најскапи бензини во регионот

29

Фото: Pixabay

Во Хрватска и Црна Гора се вози на најскап безин во регионот, нешто поефтин е во Словенија, додека, пак, најскап дизел се продава во Хрватска, Србија и Словенија, пишува црногорскиот портал  Bankar.me. Традиционално, најефтино гориво се точи во Македонија и Босна и Херцеговина.

Цената на еуросупер 95 и еуросупер 98 во Црна Гора се на ниво на цените во Хрватска и Словенија, кои се членки на ЕУ и со далеку поголема куповна моќ од црногорските потрошувачи. Иако цената на дизелот е пониска во однос на Хрватска, Србија и Словенија, таа е сепак 15 центи повисока отколку во БиХ и 20 центи од Македонија, држави кои што ја субвенционираат цената на дизелот.

Цените се движат отприлика вака:

Црна Гора

  • еуросупер 95: 1,37 евра
  • еуросупер 98: 1,41 евра
  • еуродизел: 1,23 евра

Словенија

  • еуросупер 95: 1,351евра
  • еуросупер 98: 1,366 евра
  • еуродизел: 1,296 евра

Хрватска

  • еуросупер 95: 1,40 евра
  • еуросупер 100: 1,46 евра
  • еуродизел: 1,32 евра

Македонија

  • еуросупер 95: 1,16 евра
  • еуросупер 98:1,19 евра
  • еуродизел: 1,03 евра

Србија

  • еуросупер 95: 1,24 евра
  • еуросупер 98:1,30 евра
  • еуродизел: 1,31 евра

БиХ

  • еуросупер 95:1,13 евра
  • еуросупер 98:1,17 евра
  • еуродизел:1,08 евра