Хрватска иновација: Косилка за трева со далечински управувач

123

kosilka so dalecinsko

Хрватскиот иноватор Златко Дражиќ дизајнираше косила за трева со далечински управувач, пишува Пословни дневник.

“На идејата за оваа иновација дојдов поради тоа што во денешно време луѓето постојано брзаат од работа дома и обратно и честопати немаат време за извршување на секојдневните обврски околу домот. Мојата идеја беше да се направи нешто што, од една страна ќе им ја олесни работата, а од друга страна ќе биде достапно за сите, дури и за постарите луѓе кои имаат проблеми со движењето и за таков вид на работи најчесто плаќаат некој друг“, вели Дражиќ.

Предноста на оваа косилка, како што се наведува, е во тоа што може да ја користат сите благодарение на безбедносниот систем, којшто овозможува косилката да ја користат и деца над 15 години без никаков проблем.

kosilka

Благодарение на далечинскиот управувач, корисникот ќе има чувство како да се забавува, а во исто време прави и корисна работа за уредување на својот дом.

Голема предност е тоа што системот може да се постави на секоја стандардна косилка, деловите во електрониката може да се променат за многу кратко време, без потреба од плаќање или скапи поправки.

Иноваторот планира оваа косилка да се најде на пазарот, а во меѓувреме работи на подобрување на идејата за да постигне висококвалитетен производ со достапна цена.