Хрватската компанија Кристална идеја разви уред за филтрирање на воздухот во затворен простор. Станува збор за патент што во воздухот во затворени простории деактивира биоаеросоли, батерии и вируси и го спречува нивното ширење, пишува Пословни дневник.
Во исто време го збогатува воздухот со негативни јони и антиоксиданси.
Идејата за ваков патент доаѓа врз основа на истражување на пазарот на филтри за воздухот, по што било воочено дека нема филтри што во исто време исполнуваат две важни функции: прочистување на воздухот и прилагоден за користење во станбени и деловни простории, хотели, болници и слично.
Овој изум е дел од хрватската иницијатива Иновирај – профитирај, со цел промоција и размена на искуства на компаниите во таа земја.
Фото: Freepik