Хрватска иновација: Славина што не замрзнува

30

slavina

Хрватот Марко Кртиќ веќе го заврши проектот и ја спроведе идејата во дело – паметна славина за дворови и градини што не замрзнува на ниски температури. Кртиќ го увидел проблемот со надворешните славини кои замрзнуваат на температури под нулата и дошол на идеја како да направи славина што и во зима ќе се користи како во лето.

“Мојата паметна славина е изработена од повеќе видови нерѓосувачки материјали. Во себе има вграден систем за термичка самозаштита која е потполно механичка – заштита активна од плус 5 до минус 100, без страв од замрзнување”, вели Кртиќ, пишува Пословни дневник.

Во славината е вграден систем за спречување на неконтролирано истекување на водата, а целиот систем може да биде самостоен, ѕиден или вграден, во зависност од потребите на корисникот. Според иноваторот, интерес за оваа славина веќе покажале комуналните претпријатија.

Кртиќ самостојно започнува со производство и очекува првата паметна славина да се најде на пазарот во првите неколку месеци од оваа година.