Хрватска иновација – Vitastiq мери витамини и минерали во телото преку паметен телефон

103

1

Vitastiq е преносен уред кој го мери нивото на минерали и витамини во телото во само неколку чекори. Сензорот од уредот се поставува на одредени точки на раката или лицето кои се покажуваат на екранот на мобилниот телефон, а бесплатна апликација ги забележува сите податоци од мерењето и може да се следи состојбата на организмот. По вчитувањето, Vitastiq укажува на било каков дефицит во организмот и може да го евидентира статусот на 30 витамини и минерали.

2

“Ова е попаметен и поедноставен начин за грижа за сопственото здравје со кој се олеснува увидот во земањето на додатоци во исхраната. За прв пат корисникот може со помош на паметен телефон, уред и апликација да го измери сопствениот витаминско – минерален статус било каде и било кога”, вели иноваторот Деан Враниќ, пишува Пословни дневник.

3

Овој хрватски старт-ап средства за развој на производот собира преку платформата Indiegogo, а најголемата награда што ја нуди за оние што ќе дадат финансиска поддршка за проектот е патување во Дубровник, каде што ќе можат да се запознаат со тимот.