Хрватска јавно ќе ги објавува листите на фирми што не исплаќаат плати

26

kuniХрватскиот министер за финансии Славко Линиќ најави дека листата на фирми што не исплаќаат плати на вработените, а кои во моментот се околу 14.000, веројатно ќе биде објавена на есен, откако Саборот ќе ги прифати предложените измени во Законот за данок на доход.

Министерот изјави дека 2.000 фирми не исплатиле плата повеќе од една година или шест месеци, а 12.000 фирми повремено не исплаќаат плати. Запрашан колку од овие фирми се државни или фирми во делумна државна сопственост, Линиќ одговори дека тој податок не го истражувале, но дека меѓу овие 14.000 фирми има и државни, пишува Бизнис.хр.

Со предложените измени во Законот за данок на доход се предвидува на листата да се најдат работодавачи кои не исплаќаат плати подолго од три месеци.