Хрватска ќе ги зголеми платите на сезонските работници

10

croatia

Фото: Pixabay

Сезонските работници кои летово ќе одлучат да работат во Хрватска ќе добијат повисока плата. На овој начин се очекува да се привлечат повеќе туристи да ја посетат ова земја и да се подобри туристичката активност во пресрет на летната сезона, пишува Vecernji.

Властите очекуваат зголемувањето на платите да ја зголеми и атрактивноста на отворените работни позиции во туризмот, а туристичките компании да го искористат даночното олеснување за да им платат повеќе на работниците и да ги подобрат нивните работни услови.

Хрватската асоцијација за угостителство и туризам – ХУП предложи промени и во начинот на кој сезонските работници ќе ги плаќаат своите трошоци за сместување и храна. Додека, пак, најголемите туристички компании во Хрватска одлучиле дека парите од даноците на сезонските работници треба да се искористат, меѓу другото, и за унапредување на нивните работнички права.