Хрватска ќе го либерализира увозот на работна сила од трети земји

35

На хрвтскиот пазар на труд од следната година би требало да има две значајни промени: намалување на стапката на данок на доход и либерализација на увозот на работна сила од трети држави односно земји што не се членки на Европската Унија.

Тие промени требаа да стапат во сила годинава. Со предлог-измените на Законот за странци се предлага од следната година да нема квоти за увоз на работници, туку работодавачите пред да ангажираат странски работници да побараат од Хрваскиот завод за вработување (ХЗЗ) да спроведе истражување на пазарот на трудот. Ако се покаже дека нема невработени лица во Хрватска кои ги исполнуваат барањата на работодавачите, фирмата ќе треба да поднесе барање за издавање на дозволи за престој и работа од Министерството за внатрешни работи, кое по службена должност ќе бара мислење од ХЗЗ.

Хрватска изминатите години, посебно во туризмот и градежништвото вработува голем број странски работници. Синдикатите предупредуваат дека со целосната либерализација ќе се предизвика доиполнителен притисок врз намалување на цената на трудот.

Фото: Pixabay