Хрватска ќе го полни буџетот со пари од вториот пензиски столб?

20

kuniХрватската владата итно мора да го реши буџетскиот проблем од 980 милиони евра. Ако не сака да ги фаќа платите и пензиите, на министерот за финансии Славко Линиќ му преостанува или воведување нови даноци или повлекување на добивката од државните фирми или посегнување по вториот пензиски столб, јавува ХРТ.

До сега во јавноста ваквата информација се пуштаа како пробен балон, а конечната одлука, вели Линиќ, нема да биде негова.

“За тоа мора да одлучи Владата, а не министерот. Одлуката ќе биде донесена многу брзо, затоа што сакаме во февруари да завршиме со ребилансот”, додава министерот.

Експертите порачуваат дека со трајно или привремено замрзнување на уплатите или намалување на стапката од 5% на 3% краткорочно ќе се закрпат финансиските дупки, ќе се намали јавниот долг, но ќе се зголеми теретот на идните пензионери, кои ќе добиваат помали пензии. Економистите сметаат дека ваквиот потег би имал смисол само ако радикално се работи и на расходната страна на буџетот. Во спротивно, се работи само за чисто купување на време и почеток на уривањето на пензискиот систем.

Привремено намалување или запирање на уплатите во вториот пензиски столб веќе е направено во Унгарија, Полска, Естонија, Латвија и Литванија.