Хрватска ќе го воведе еврото во 2023 година, а еве по кој курс

75

Европската централна банка (ЕЦБ) објави дека на барање на хрватските власти, институциите на ЕУ решиле да ја вклучат хрватската куна во т.н. exchange rate mechanism (ЕRМ II), што претставува еден вид валутна чекална за еврото.

Еврото би можело да се воведе во Хрватска уште на 1- ви јануари 2023 година, пишува Jutarnji list.

По консултациите со Комисијата, Економскиот и финансискиот комитет, беше решено средниот курс на куната за еврото да биде 7.53450 куни.

Во однос на тој курс, и додека еврото не стане официјална валута, ќе се дозволи пад или раст на курсот на куната за максимум 15 %.

Пуштањето на Хрватска и Бугарија во механизмот ЕRМ II, што е еден вид чекална пред воведувањето на еврото, не е само голем чекор за потенцијалните идни членки на еврозоната, туку и за целата еврозона, која се бореше со голем број проблеми од финансиската криза во 2008 година.

Клучна причина зошто земјите, како по правило, одлучуваат да го усвојат еврото, односно да се приклучат на механизмот ЕRМ II, е да ги зголемат шансите за привлекување инвестиции, како и значително поповолна цена за задолжување.

Со оглед на тоа што хоризонтот за влез во еврозоната сега е јасно исцртан, Хрватската народна банка ќе мора да побрза со техничката подготовка за воведување на еврото како валута на плаќање.

Фото: Pixabay