Хрватска ќе кофинансира купување ековозила

37

hr-580x429

Хрватскиот Фонд за заштита на животната средина и енергетска ефикасност и оваа година ќе дава субвенции на граѓаните од околу 45% за енергетска обнова на куќи и згради, за купување енергетски ефикасни уреди за домаќинството и за ековозила, јавува ХРТ.

“За програмите што ги спроведува Фондот, на Хрватска ѝ се достапни пари од ЕУ. За да им го олесниме на граѓаните и на фирмите повлекувањето на тие пари и да ги поштедиме од комплексни процедури, Фондот ќе ги повлече директно, па потоа ќе ги дели преку јавни повици”, вели директорот на Фондот, Свен Милер.

Според Милер, државата оваа година планира енергетски да обнови околу 4.000 куќи, колку што се обновени минатата година благодарение на ланските субвенции.