Хрватска компанија ќе произведува делови за Opel и Renault

23

AD plastikХрватската компанија АД Пластик од Солин ќе произведува делови за Opel и Renault. Компанијата ќе произведува и испорачува куќишта за предни светла за Opel Corsa кои ќе се произведуваат во фабриката во Загреб, а очекуваниот приход за една година производство е околу 4,5 милиони евра. Почетокот на производството е планиран за крајот на оваа година.

Преку својата подружница во Калуга, Русија, АД Пластик е номиниран за производство на делови за екстериер за возилото HHA (Renault Capture). Очекуваниот годишен приход изнесува околу 1,5 милиони евра, а производството на делови за Renault треба да започне во првото тримесечје од 2016 година, најавуваат од компанијата, пренесуваат хрватските медиуми.