Хрватска: Кончар, Петрокемија, Ѓуро Ѓаковиќ следната година на продажба

47

petrokemija

Следната година би требало да даде најдобри резултати до сега во управувањето со државен имот затоа што е направен систем за тоа кој функционира. Ќе започнат низа приватизациски и други процеси кои во државниот имот ќе воведат уште поголем ред, очекува првиот човек на хрватскиот Државен уред за управување со државен имот (ДУУДИ), Младен Пејновиќ.

Според Пејновиќ, следува подготовка, тендер и барање на стратешки партнер за Петрокемија. Се планира продажба и на Ѓуро Ѓаковиќ и Кончар, а главно ќе биде да се најде стратешки партнер за Кончар, за што ќе се ангажираат и инвестициски советници, пишува Лидер.