Фото: Facebook
Хрватската консултантска компанија за деловно советување, Sense consulting преку платформата Funderbeam планира да собере 500.000 евра за аквизиција на компании во Хрватска, развој на бизнисот во Србија и понатамошен развој на дигитални консултантски услуги, пишува Пословни дневник.
“Со својата иновативност, Funderbeam значајно од издвојува од останатите слични платформи за собирање капитал. Во својата работа се водиме од начелото на иновативност, ефикасност и едноставност, па токму во тие елементи најдовме заеднички точки со Funderbeam. Нашата компанија има за цел да собере средства за зајакнување и развој на дигиталните консултантски услуги, ширење на пазарот во Србија, како и аквизиција на комплементарни компании – со што побрзо ќе ја оствариме нашата визија да станеме водечка компанија за деловно советување во југоисточна Европа“, вели Ведран Антољак, главен партнер во Sense consulting.
Оваа хрватска консултантска компанија на клиентите им нуди поддршка при органски раст или раст преку аквизиција, со оптимизација на постоечкото работење, реструктуирање, обезбедување на оптимални извори на (ко)финансирање на нивните инвестиции. Тие нудат поддршка во сите фази на развој и им помагаат да остварат максимален поврат на инвестицијата.
До крајот на кампањата на Funderbeam има уште 26 дена, а досега од планираните 500.000 евра се собрани 515.000 евра.
Funderbeam е платформа за групно финансирање на старт – ап компании на којашто инвеститорите може веднаш по иницијалната фаза на вложување да тргуваат со своите удели, како да станува збор за компании котирани на берзата. Во првата фаза, Funderbeam е насочена кон компании од Хрватска, Словенија и Србија, а за подоцна планирано е проширување во регионот.