Хрватска: Мобилна апликација што открива извори на вода за пиење

23

voda-ezero-pixabay

Со цел мапирање на извори на вода за пиење во Хрватска и во светот, но и обезбедување пристап до бесплатна и здрава вода на сите луѓе, тим млади ентузијасти од Хрватска го започнаа мултидисциплинарниот проект под името Free water project, пишува Пословни дневник.

Станува збор за мобилна апликација којашто на корисникот му овозможува информации за најблиските извори на вода за пиење, како и стаклено шише за вода и торбичка за истото.

“Направен е прототип на шишето и практичната торбичка и се подготвуваме за производство. Торбичката е направена од рециклирана ПЕТ амбалажа за да може дополнително да ја намалиме нејзината количина во околината, а може и да се брендира како сувенир или корпоративен подарок. Исто така, планираме дел од средствата собрани од продажбата на шишињата да ги донираме за проектот со цел заштита на водите во Хрватска“, вели Ведрана Врабец, дел од тимот на овој проект.

Првата фаза од мобилната апликација планирано е да започне во мај, кога ќе отворат и кампања на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo. Нивната цел е да соберат средства за производство на првите неколку илјади примероци од шишето и дополнително да се развие функционалност на апликацијата. Од тимот велат дека развиваат дигитална платформа за социјално мапирање и верифицирање на изворите на вода за пиење низ светот, достапни на интернет и преку мобилна апликација.