Хрватска: На преку 70% испитаници им е непријатно да преговараат за плата

21

pariХрватскиот портал МојПосао спроведе анкета на преку 300 испитаници за тоа како се чувствуваат додека со работодавачот преговараат за плата. Оваа ситуација за 36% од нив е исклучително непријатна. Како да започнат разговор, каква плата смета работодавачот дека е “примерна”, што ако друг кандидат даде “пониска понуда” се само некои од прашањата што ги мачат испитаниците, пренесува Пословни дневник.

За 35% од испитаниците преговарањето за плата не е пријатно искуство, но велат дека се снаоѓаат. Оваа група ја загрижува прашањето да не бараат “премногу” или дали се “преценуваат”.

Само 29% од анкетираните велат дека немаат проблем со преговарањето за плата, затоа што знаат колку вредат.