Хрватска очајно бара работници: Му давам 130 евра на оној што ќе ми најде келнер

156

И покрај тоа што многу луѓе се вратија во Хрватска поради пандемијата, земјата се соочува со недостаток на работна сила во секторите туризам, градежништво и други сектори, пишува Deutsche Welle.

“Му давам 130 евра на оној што ќе ми најде келнер“, вели еден очаен угостител од Пула, кој, иако сезоната веќе почна и во градот има туристи, бара обучени келнери кои ќе работат во текот на летото.

Иако многумина очекуваа дека поради коронавирусот, домашни работници ќе има на претек затоа што многумина се вратија од работа во странство, па работодавците ќе ја искористат ситуацијата намалувајќи ги нивните права, се случи спротивното. Но, оваа година на пазарот на трудот има недостиг од домашна работна сила.

Од почетокот на годината до 16 јуни, Министерството за внатрешни работи на Хрватска издало 31.157 дозволи за престој и работа за државјани на трети земји, што е за 13% повеќе од минатата година во истиот период. Само за туризам и угостителство се издадени 4.191 дозволи.

Крешимир Север, претседател на Независни хрватски синдикати, предупреди дека Хрватска, како и другите земји во транзиција, ја изгради својата конкурентност врз грбот на ниско платени работници.

Иако во Хрватска доаѓаат луѓе од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово, и од нив има сè помалку затоа што попрофитабилно им е и ним и на Хрватите да одат да работат во поразвиените западноевропски земји.

Фото: Pixabay