Хрватска очекува да стане членка на еврозоната на почетокот на 2023 година

35

Хрватска очекува да стане членка на еврозоната на почетокот на 2023 година и дотогаш има намера да ги исполни сите потребни критериуми, изјави хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ во Брисел.

“Ова е можност уште еднаш да ја изразиме нашата подготвеност за исполнување на сите критериуми и по влегувањето во Европскиот механизам за девизен курс (ЕРМ II) минатата година, да го исполниме акциониот план и да создадеме предуслови Хрватска да стане членка на еврозоната уште на почетокот на 2023 година“, истакна Пленковиќ.

Пленковиќ рече дека очекува Европската комисија да го одобри националниот план на Хрватска за закрепнување следниот месец, по што претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го посети Загреб за лично да предаде зелено светло на Комисијата за планот вреден 6,3 милијарди бесповратни средства.

Фото: Pixabay