Хрватска од ЕУ ќе добие 128 милиони евра за вработување на млади луѓе

22

hrЕвропската комисија, за вработување на преку 5,5 милиони невработени млади луѓе во Европа осмисли програма Гаранција за млади, за која до 2020 година се обезбедени шест милијарди евра. Од нив, Хрватска ќе добие 128 милиони евра.

Во Хрватска стапката на невработеност меѓу младите е поголема од 50%, што значи дека без работа е секоја трета личност меѓу 15 и 29 години.

Гаранција за млади на Хрватска би требало да и овозможи младите да се вработат во рок од четири месеци откако ќе се најдат на заводот за вработување, а до моментот кога на секое лице ќе му се понуди квалитетна работа, продолжување на образованието, доедукација или пракса, ќе поминат околу три години.

Приоритет на оваа програма и се младите со пониски квалификации и високо образовани без работно искуство, затоа што анализите покажуваат дека тие најтешко доаѓаат до работа.

Програмата е изработена врз искуствата на Австрија и Финска, каде по нејзината имплементација, значително е намалена стапката на невработени млади. Во Австрија оваа стапка изнесува 8,7%.