Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска донесе одлука за задолжителна самоизолација од 14 дена за сите патници кои доаѓаат од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија, објавија хрватските медиуми.
Одлуката ќе стапи на сила на полноќ и се однесува на сите кои доаѓаат во Хрватска од тие земји, без оглед на државјанството.
Како што беше најавено вчера, мерките се вратени како резултат на влошување на епидемиолошката состојба во посочените земји.
Фото: Pixabay