Хрватска: Од први јануари цените на нафтените деривати ќе ги одредува пазарот

49

gas-pump

Од почетокот на следната година во Хрватска цената на нафтата и нафтените деривати ќе се формира слободно, на пазарот, а не врз основа на правилник. Ова се предлага со Законот за пазар на нафта и нафтени деривати, што денеска Владата го испрати во итна собраниска процедура, пишува Пословни.

“Очекуваме пазарната конкуренција на дистрибутерите да им овозможи можност за поголеми инвестиции, бидејќи ќе немаат лимит што досега им го налагаше правилникот“, рече министерот за економија, Иван Врдољак.

Законот оди во итна собраниска процедура, бидејќи се очекува неговото донесување да придонесе за зголемување на буџетските приходи.