Хрватска: Пад на инвестициите во стартапи во 2015

18

hr

Загрепскиот инкубатор на претприемништво објави информации за инвестициите во хрватските стартапи. Според бројките, во 2015 година е инвестирано за 50% помалку во споредба со 2014 година.

Минатата година во стартапи се инвестирани 11.093.233 евра, од кои дури 63% се инвестирани во стартапот Lion Game Lion, за разлика од 2014 година, кога се инвестирани 21.805.000 евра (45% од нив во Rimac Automobili).

Најголем процент од инвестициите доаѓаат од venture capital фондови (78,81%), 13,93% се од акцелератори, 7,25% од бизнис ангели и HAMAG (хрватска агенција за мала економија, иновации и инвестиции).