Хрватска: Под стечај ќе одат 20.000 блокирани фирми

34

katanec

Правните лица што се во блокада преку 120 дена, а такви има скоро 20.000, по автоматизам ќе одат под стечај. Неисплаќањето на плата подолго од три месеци е причина за започнување стечај, а стечајните и предстечајните постапки ќе се водат во судовите, според новиот Закон за стечај што од 1 септември стапува на сила во Хрватска.

Според податоците на Финансиската агенција (Фина), од вкупно 22.754 блокирани правни лица на крајот на јуни, 19.646 или 86,3% се правни лица чија непрекината блокада трае 120 и повеќе дена. Кај овие правни лица биле вработени 10.139 работници. Фирмите должат преку 2,5 милијарди евра. Од блокираните правни лица повеќе од 120 дена, 15.001 немаат ниту еден вработен, пишува Т-портал.

Со законот е регулирано и по кој редослед ќе започнува процесот во фирмите, поради големата бројка на фирми за кои Фина треба автоматски да покрене стечај.