Хрватска подготвува индустриска стратегија

46

hr industrijaХрватската влада подготвува стратегија на индустриска политика 2014 – 2020, која летово ќе влезе во процедура. Во рамките на процедурата засега се дефинирани приоритетните сектори кои треба да станат иновативни и конкурентни: прехранбено – преработувачката индустрија, дрво-преработувачката, автомобилската, бродоградежната, одбрана, креативна, ICT, текстилна и производство на кожа и обувки, градежна, здравствена, производство на електрични и механички уреди и опрема и хемиската индустрија.

“Стратегијата е важна како одговор на прашањето со што сакаме да се занимаваме следните 10 – 15 години. На некој начин е порака до инвеститорите во кои гранки би се исплатело да вложуваат, но и како подлога за повлекување на пари од фондовите на ЕУ”, изјави министерот за економија Иван Врдољак.