Хрватска пошта почна да откупува стари мобилни телефони, а откупната цена зависи од староста и состојбата.
“Цените за откуп на телефони се формираат според светските трендови на пазарот за откуп на мобилни уреди, а се менуваат според моделот на неделна или дури на дневна основа, со тоа што телефоните постари од пет години главно немаат откупна вредност. Но, корисниците можат да предаваат и такви, постари модели кои понатаму ќе се рециклираат”, порачуваат од Хрватска пошта.
Како што дознава Пословни дневник, за исправен мобилен телефон корисникот ќе добие две евра, а за неисправен едно евро. Паричните средства за откуп ги обезбедува компанијата Мобис – електроник Сервисен центар, кои ги превземаат телефоните од Хрватска пошта и понатаму ги поправаат или рециклираат.
За четири дена откако е воведена новата услуга, собрани се 560 користени мобилни телефони.
Хрватска пошта неодамна почна и со откуп на злато.