Хрватска пошта започнува проект со пакетомати, вреден 14 милиони евра

165

Хрватска пошта (ХП) ќе постави 300 пакетомати низ цела Хрватска. Овој проект на ХП  вреден 108 милиони куни односно 14 милиони евра, треба да ги намали редиците при преземање на пакетите бидејќи ќе може да се преземе пакетот во секое време во кој било ден. Од ХП велат дека пакетоматите се дел од нивната Развојна стратегија 2022, а одлуката за поставување на овие машини дошла слдеејќи ги барањата на е- трговија.

Пакетите ќе бидат инсталирани во урбаните фреквентни центри во наредните две години.

Зголеменото влијание на трговијата преку интернет во последниве години и растот на пазарот, кој  во Хрватска е на ниво од 12% годишно, отвораат континуирана потреба за подобрување на искуството на корисниците и како што се нарекува во курирската испорака last mile. Во времето на коронакризата се проценува дека користењето на е-трговија е зголемено за повеќе од 50%.

Првите инсталации се очекуваат во последниот квартал од оваа година. Овие пакетомати за граѓаните ќе бидат местот за преземање и праќање на пакети седум дена неделно од 0-24 часот, без да чекаат во ред, и ќе и дадат простор на Хрватска да развива нови услуги, како и дополнителна оперативна оптимизација и постабилен раст на бизнисот.

Фото:Hrvatska pošta