Фото: Pixabay
Хрватска оваа година бележи рекорден раст на извозот на мебел, паркет, прозорци и врати. Преработувачите на дрво од оваа земја извезуваат двојно повеќе одошто увезуваат и тоа е сектор што остварува суфицит, јавува ХРТ.
Хрватска е четврти светски производител на масивен паркет. Исклучително бараните подни облоги со таканаречен клик систем ги патентираше Хрватот Дарко Перван, кој живее во Шведска. Тој сега започнува нов извозен хит, а тоа е клик – мебел и тоа во градот Бјеловар, каде што гради нова фабрика.
Дрвото е меѓу петте најголеми извозни адути на Хрватска и во Кина. Освен увоз, Кинезите сакаат да вложуваат и во профитабилниот дрвен сектор.