Хрватска ризикува губење на 200 хотели

21

dubrovnik-512798_960_720

Фото: Pixabay

Хрватска до 2030 година ризикува да изгуби 2,5 милјарди евра потенцијални инвестиции, доколку ДДВ-то во туризмот остане како до сега, пишува Nezavisne Novine.

Во земјата ДДВ-то во туризмот изнесува 13% на сместување и услуги на пансиони, а дури 25% на угостителство. Доколку данокот на додадена вредност не се промени хрватскиот туризам ќе изгуби 200 хотели и 80.000 кревети.

Според прогнозите до 2021 година нема да бидат изградени 11.000 соби, а индустријата ќе има 8.500 помалку ново вработени. Наместо со намалување на ДДВ-то да се овозможи на оваа дејност да биде профитабилна, минусот во бруто додадена вредност се проценува на 7,7 милјарди куни.