Deloitte Хрватска, заедно со Хрватското здружение на работодавачи, Привредна банка Загреб и Министерството за претприемништво спроведоа истражување за проблематиката на пренос на бизнисот во Хрватска, пишува Лидерпрес.
“Ако деведесетите години беа години на основање на фирми, сега се години на трансфер”, вели Зоран Курељушиќ, извршен директор на секторот за маркетинг на Привредна банка Загреб. Тој напоменува дека само 33% од фирмите се успешни во процесот на трансфер од една генерација на друга.
Според статистиките, дури 17.000 фирми се во сопственост на лица над 55 години.