Хрватска: Само хотелите со 5 ѕвезди ќе смеат да оградуваат плажи

20

plaza“Во градовите и општините на крајбрежјето е невозможно и не е добро да им се допушти на хотелиерите и угостителите да наплаќаат влез на плажите. Јадранските плажи не се африкански ресорти. Туризмот мора да се базира на симбиоза со локалната заедница”, нагласи хрватскиот министер за туризам, Синиша Хајдаш Дончиќ, пренесува Слободна Далмација.

Со новиот закон за морско добро треба да се примени праксата на ЕУ, да се почитува наследството и да се стави акцентот на тоа дека тој простор станува општо добро и не може да се зборува за негово отуѓување или приватизација. Целта на хрватската влада е до 1 јануари 2015 година овој закон да биде потполно имплементиран.

“Што се донесува до правата на ексклузивитет, мораме да ги штитиме јавниот простор и јавното добро, па оградувањето и наплаќањето влез на плажа би било можно само во некои ексклузивни делови кои не се наоѓаат во урбани средини. Значи, тоа би било исклучок, не правило. Оградувањето ќе биде можно само во поедини ненаселени делови и острови”, изјави министерот и додаде дека постоечките концесии со оградено морско добро ќе траат до истекот на договорот, а исклучокот за оградувањето ќе се однесува само на ресорти со пет ѕвезди.