Хрватска: Сезонски намалувања само во јануари и јули

22

namaluvanjeТрговците во Хрватска во иднина ќе можат само во два термини во годината да отворат сезонски намалувања. Првото намалување ќе можат на потрошувачите да им го понудат од 1 до 15 јануари, а второто во првата половина на јули. Ова е најголемата новина што ја носи новиот Закон за заштита на потрошувачите, чиј нацрт од вчера е на јавна расправа, пишува Јутарњи лист.

Во сегашниот закон донесен 2007 година, трговците не се со датуми ограничени околу распродажбите. Во нацрт новиот закон распродажбата се разликува од сезонското намалување, кое ќе може да трае вкупно четири месеци. Споменатите датуми во јануари и јули ќе ги означуваат роковите на почеток на сезонските намалувања кои најдолго можат да траат 60 дена.

Според новиот закон, трговците ќе мораат да се држат до одредбата според која најголемиот процент на намалувања на цените мора да се однесува на најмалку една петтина од производите што се на намаление. Со други зборови, барем 20% од производите ќе мораат да бидат на најголемо намаление. Ако го заобиколат ова правило, можат да се соочат со казна од 1.300 до 13.000 евра.

Распродажбата, пак, во драфт законот се овозможува под пет услови: ако се затвора продавницата, ако се сели во друг деловен објект, ако треба да се изведуваат градежни работи во објектот, ако трговецот престанува со продажба на одреден производ или кога работењето на трговецот е сериозно загрозено.

Што се однесува до намалување на цената на поедини артикли, намалувањето не смее да трае подолго од 30 дена.

Новиот закон треба да биде усвоен до 15 март.