Хрватска со над 76% помалку туристи во септември

23

Во Хрватска во септември имало 536.000 туристи, што е 76,5% помалку во однос на истиот месец лани. Во тој период се остварени 4,8 милиони ноќевања, што е пад од 62%, а во периодот јануари – септември оваа година, во споредба со истиот период во 2019-та година, кај ноќевањата има намалување за 49%, покажуваат официјалните податоци.

Анализата покажува дека меѓу туристите во Хрватска во септември, поголемиот дел или 397.000 биле странски, кои пак во споредба со септември лани, ги имало 81,1% помалку.

Во септември имало скоро 142.000 домашни туристи, кои оствариле 1,2 милиони ноќевања, со што, како што пренесуваат хрватските медиуми, значително се намалува минусот од странски гости.

Од јануари до септември оваа година, Хрватска ја посетиле вкупно 7,4 милиони туристи или 60,7% помалку во споредба со истиот период лани. Во тие месеци се остварени 52,4 милиони ноќевања што значи намалување од 49,1% во споредба со јануари – септември лани.

Меѓу сите странски туристи, како и претходните години, Германците и во време на пандемија биле најбројни во Хрватска и направиле 12,5 милиони ноќевања, што е за 38,4% помалку во споредба со деветте месеци од 2019 година. На второ место се туристите од Словенија, а по нив следат оние од Полска, Чешка и Австрија.

Фото: Pexels