Хрватска: Spar вработува пензионери како продавачи

41

Фото: Facebook

Откако властите во Хрватска овозможија вработување на пензионери со половина работно време со задржување на постојниот имот, синџирот на продавници Spar планира со нивно вработување, пренесува Seebiz.eu.

“Со задржување на постоечката пензија на пензионерите им нудиме дополнителни приходи, договор за работа на половина работно време на работно место продавач – благајник, а на оние на кои им е потребно ќе им обезбедиме и платен превоз и избор на локација во зависност од местото на живеење“, вели Хелмут Фензл, претседател на Управата на Spar.

На пензионерите им се овозможува и флексибилно работно време.