Хрватска: Цените што завршуваат на 99 липи, наскоро ќе мора да се заокружуваат?

67

sitni pari

Низ просечен трговски ланец во Хрватска дневно минуваат половина милион купувачи. Од нив 30% плаќаат со готовина, а мнозинството не бараат кусур во најситни липи. Како што јавува Дневник.хр, според пресметките излегува дека трговците од цените што завршуваат на 98 или 99 липи (1 куна = 100 липи), годишно заработуваат од 130.000 до 260.000 евра.

Но, таквите цени наскоро би можеле да заминат во историјата. Европскиот парламент бара од Европската комисија да најде модел како да се заштитат потрошувачите.

Потребата од заокружување на цените произлегува и од големите трошоци за ковање на најситните монети.