Хрватска туристичка понуда – спиење во буриња од вино

75

21

Винарот Марко Дуванчиќ, оваа туристичка сезона туристите во Развоѓе крај Дрниш, Хрватска, ќе ги сместува во буриња од вино. Во својата винарија Дуванчиќ донел бочви стари преку 100 години, ги расклопил и од нив составил шест спални соби со тоалет. За гостите што ќе се одлучат да спијат во бурињата, во дворот пред собите ќе има и базен, јавува ХРТ.

22

Марко се надева дека неговиот најнов проект ќе биде можност и за подобар пласман на неговите вина. Почетниот интерес на туристичките агенции е огромен, а хотелот од буриња вратата за туристите ќе ја отвори кон средината на јуни.