
Годишната стапка на инфлација во Хрватска во април изнесуваше 3,2 проценти, што е исто како и во март и за 0,1 процент повеќе од прелиминарната априлска проценка, објави денес Државниот завод за статистика (ДЗС).
Ова го запре трендот на намалување на стапката на инфлација на годишно ниво во Хрватска, која изнесуваше четири проценти во јануари, 3,7 проценти во февруари и 3,2 проценти во март.
Во април, цените на транспортот се намалија за 1,8 проценти на годишно ниво, а на облеката и обувките за 0,7 проценти, додека цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија за 4,5 проценти, што е забавување во споредба со мартовските 4,7 проценти.