Хрватска во ЕУ влегува како четврта најсиромашна земја

20

zgХрватска на 1 јули ќе влезе во ЕУ како четврта најсиромашна земја во Унијата, пишува Јутарњи лист. Посиромашни од Хрватска се само Бугарија, Романија и Латвија. На Грците, Шпанците и Португалците, колку и да се жалат на мерките за штедење низ кои минуваат, сепак им е значително подобро отколку на Хрватите.

Јутарњи во своето истражување наведува уште и дека животниот стандард во Хрватска е за 61% понизок од просекот во Европската унија, што е на ниво од 2007 година, но со значително зголемени давачки за храна, трошоци за живеење, струја, греење…

“Кризата ја смени структурата на нашите потрошувачки навики. Денес помалку купуваме трајни добра, како автомобили, техника или мебел, додека од друга страна, значително ни се зголемија трошоците за храна, пијалок, за живеење и енергенти. Значително помалку трошиме на ставки кои го прават животот поквалитетен, како култура и рекреација”, оценува Жељко Лончаревиќ од Економскиот институт во Загреб.

Лончаревиќ не е оптимист дека нешто ќе се смени на подобро во скоро време.

“Животниот стандард во Хрватска лани падна за 5%, а годинава се очекува пад за 3% до 4%. Тоа покажува дека домаќинствата понесоа најголем дел од товарот на кризата. Но, за да го надоместиме тој пад, ќе ни требаат години. Хрватска веројатно дури 2017 година ќе се врати на ниво од 2007 година”, предупредува Лончаревиќ.