Хрватска: Во половина од градовите работат помалку од 10% од населението

27

Скоро секој втор град или општина во Хрватска, односно 248 од вкупно 555, минатата година имале помалку од 10% вработени од вкупното население, пишува Јутарњи лист.

Од 10 градови со најголем удел на вработени во вкупниот број на населението, пет доаѓаат од северниот дел на Хрватска. Но, од друга страна, токму во тие подрачја платите на вработените се меѓу најниските во земјата, поради присуството на текстилната индустрија, којашто во овие краишта има долга традиција.

“Во северниот дел од земјата има многу малку мали и средни компании кои вработуваат голем број луѓе. Податоците на Еуростат покажуваат дека Хрватска, кога станува збор за стапката на вработеност, е на самото дно во ЕУ, но јавна тајна е дека има многу невработени кои работат во ’сива зона’, којашто кај нас и понатаму е силна“, вели Дамир Новотни, економски аналитичар.

Фото: Pixabay