Хрватска: Во претсезона само 10% туристи во споредба со 2019 година

57

Во Хрватска во овој момент престојуваат околу 18.000 туристи, од кои околу 13.000 се странски, додека пред две години за време на велигденските празници во земјата имало 180.000 гости.

Според податоците на Хрватската туристичка заедница, најмногу туристи во овој момент има во Истра, на Кварнер и во Сплитско – далматинскиот регион, а најбројни се гости од Германија, Австрија, Босна и Херцеговина, Чешка и САД, пренесува порталот Индекс.

Велигденските празници секогаш го означуваше почетокот на претсезона, но поради пандемијата, тоа минатата и оваа година не се случи.

Хрватска од први април воведе нови и помалку строги мерки за влез во земјата.

Претходно во земјата се влегувало со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, а влез им бил дозволен и на лица кои оздравеле од Ковид-19 три месеци претходно со соодветна потврда. Од први април во Хрватска се влегува и со негативен брз антигенски тест.

Фото: Pixabay