Хрватска: Враќање на некогаш популарните Боросани

210

borosana

Хрватската компанија за обувки Борово планира да им ја врати популарноста на редизајнираните Боросани, платнените патики Стартас да ги направи глобално препознатливи и да лансира нов производ – еспадрили креирани во соработка со модниот бренд Hippy Garden, пишува Пословни дневник.

Во амбициозниот развоен проект на компанијата која годинава одбележува 85 години постоење, вклучени се и класичниот кожен и гумен асортиман.

Според водачот на проектот во Борово, Дамир Рупчиќ, интензивно се преговара за соработка со компании, претежно од туристичкиот сектор.

“Нудиме враќање на Боросаните во компаниите што се занимаваат со хотелиерство, како одлична заштитна обувка и дизајн адаптиран според нивните работни униформи, продажба на Стартас патиките во нивните објекти, како и најновите модели на еспадрили”, вели Рупчиќ.