Хрватска: За малите и средни претприемачи неповратни 34 милиони евра

26

evraХрватското министерство за претприемништво и занаети објави јавен повик за доставување на проектни пријави за Зголемување на економската активност и конкурентност на малите и средни претприемачи, во вредност од околу 34 милиони евра.

Како што истакна ресорниот министер Гордан Марас, овој тендер е божиќен подарок за сите мали и средни претприемачи и е прв тендер од структурните фондови на ЕУ. На претприемачите ќе им бидат ставени на располагање неповратни средства во вредност од 34 милиони евра, од кои 31 милиони се од ЕУ, а три милиони од Хрватска.

Субвенциите се наменети за секторите производство и туризам, а ќе се доделуваат за модернизација, изградба или доградба на деловни згради, набавка на нови технологии и опрема, ширење на производството, а во секторот туризам во осовременување и унапредување на квалитетот на објектите за сместување, модернизација, изградба, доградба на капацитети за сместување. Според министерот, во зависност од количината на проектите, се проценува дека би можеле да бидат опфатени 3.000 работни места, од кои 500 нови.

Во февруари ќе биде распишан уште еден конкурс, наменет за ИТ индустријата, вреден 3,3 милиони евра.