Хрватската компанија Кумал ќе гради фабрика во Штип

26

DSC_0442Во технолошко-индустриската развојна зона Штип ќе се гради нова фабрика, инвестиција на хрватската компанија Кумал.

Изградбата ќе чини седум милиони евра, а ќе опфаќа стотина директни и индиректни вработувања.

Хрватската компанија е дел од холдингот Куфнер групација, а нејзина основна дејност е производство на термоизолациски панели и експандиран полиестер.

Според информации на владината прес служба, одлуката за новата инвестиција во Македонија му била сопштена на премиерот Никола Груевски од страна на претседателот на Бордот на директори на Кумал, Славен Куфнер, и извршниот директор, Александра Лелиќ.

Поволностите кои Македонија ги нуди за странските инвеститори, како што се ниските трошоци, ниските даноци, и соодветната и квалитетна работна сила, придонеле за оваа нивна одлука за лоцирање на дел од нивниот бизнис во Македонија, велат од компанијата.

Груевски истакна дека инвестицијата ќе значи отворање на нови работни места и можност за бизнис на повеќе локални економски субјекти кои во иднина ќе соработуваат со компанијата Кумал како добавувачи на определени добра или пак во сферата на логистиката на поддршка на процесот на производство.